Камион се превртел ноќеска околу 2 часот и 30 минути на излезот од Скопје во близина на економската зона Бунарџик, јавува Телеграф.
Според информациите што ги објави порталот, во сообраќајната несреќа се повредени возачот и совозачот и веднаш се префрлени во болница. Нивните повреди се полесни и тие не се во животна опасност.
Камионот превезувал домати за извоз.
Полицијата е на терен и врши увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.