Скопската група „Рингроуд“ сѐ повеќе ја плени публиката која почитува рок-музика во жива изведба. Тоа не е случајно бидејќи секој изведувач дава посебен печат на секоја песна. А, токму тоа е одлика на оваа група. Иако релативно нова, членовите имаат богато искуство, стекнато на самостојни настапи, концерти со познати македонски изведувачи, корпоративни настани, како и приватни забави низ целиот балкански регион. Иако името им значи обиколница, за себе велат дека не ги заобиколуваат ниту свадбите. Секако, ако младите преферираат рок-свирка. Во меѓувреме се подготвува првиот албум. Досега во македонскиот етер се вртат две нивни авторски песни. „Сино небо“ беше првиот сингл, додека сега се актуелни со „За нас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.