| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ останува на проекцијата за раст на БДП од 3,7 проценти

nbrm-500Народната банка на Република Македонија во најновиот квартален извештај останува на претходните проекти за раст на БДП од 3,7 проценти за 2014 и 4,4 проценти и за наредната година.

– Најновите показатели за првиот квартал од 2014, како и оценките за идната патека на клучните надворешни и домашни фактори упатуваат на динамика на економскиот раст која не отстапува од претходните очекувања, сметаат од Народна банка и очекуват дека растот и натаму ќе произлезе од извозната инвестициска побарувачка што соодветствува со оценките за подобрување на надворешното економско опкружување за влез на нови и зголемување на искористеноста на постојните капацитети ориентирани кон извоз, како и позитивен импулс од јавните инвестиции.

Народната банка очекува солиден придонес кон растот, особено наредната година, од потрошувачката на домаќинствата во услови на постојано подобрување на состојбите на пазарот на работна сила, кредитна поддршка и постабилни очекувања.

Според извештајот на Народната банка инфлацијата во првиот квартал од годинава има забавено темпо кое е произлезено од фактори на страната на понудата, односно од отстапувањата во динамиката на светските цени и од нивните пренесени ефекти врз домашните цени.

Народна банка очекува дека и растот на домашните цени годинава значително ќе забави при што просечната инфлација ќе се движи околу еден процент со претежно надолни ризици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top