Прометот во индустријата во март годинава бележи пораст од 3,8 проценти во однос на истиот месец во 2013 година, објави денеска Државниот завод за
статистика.
Пораст од 27,7 проценти е забележан кај прометот во индустријата остварен на странски пазари, додека кај прометот во индустријата остварен на домашниот пазар има опаѓање од 16,7 проценти.
Гледано по сектори, кај рударство и вадење камен има зголемување од 0,6 проценти, а кај преработувачката индустрија од 14,4 проценти.
Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,4 отсто и капитални производи за 57,2 отсто, а опаѓање кај енергија за 94,3 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 12 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто.
Во однос на февруари годинава, прометот во индустријата бележи зголемување за 4,5 проценти, додека во периодот јануари-март во однос на истиот период 2013 година има зголемување за 1,4 отсто
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.