Австралиските милијадери Дејвид Џингел и Џејмс Пекер имаа караница поради Миранда Кер, која прерасна во тепачка среде бел ден на улица во Сиднеј.
Иако се пријатели од детството, Џингел му замерил на Пекер за начинот на кој се однесува кон поранешната сопруга, која ја оставил токму поради Миранда Кер.
Тепачката ја прекинале нивните телохранители, кои ги раздвоиле милијардерите, но тие, сепак, се парично казнети поради нарушување на јавниот ред и мир.
По тепачката, двајцата изјавиле дека се дружат веќе 35 години и дека ќе останат пријатели и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


