| четврток, 6 декември 2018 |

Стив Кер замена за Ван Ганди во Голден стејт

Поранешниот НБА-играч на Чикаго булс, Стив Кер, е нов тренер на Голден стејт вориорс, а постигнат е договор тој да го предводи клубот во следните 5 сезони за сума од 25 милиони долари.

Кер го одби Њујoрк никс и можноста повторно да соработува со својот некогашен тренер Фил Џексон, кој стана еден од главните луѓе во менаџментот на тимот од големото јаболко.

Стив ќе го замени Стен ван Ганди на кормилото на воините откако доскорешниот тренер на Голден стејт за 35 милиони долари се пресели во Детроит и ќе ги предводи Пистонс во следниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top