| четврток, 6 декември 2018 |

Кражба на икони од црква во гостиварско Кичиница

Непознати сторители, деновиве извршиле тешка кражба во гостиварското село Кичиница и од црквата украле пет икони.

Според информациите од СВР Тетово, по пријавата, екипа за увид била на лице место и констатира дека во црквата „Св Никола“ било провалено со насилно со кршење на влезната врата. Крадците од црквата заминале со плен во кој имало 4 дрвени икони во рамки и една без рамка.

Провални кражби биле регистрирани и во две викендички, кои најверојатно се случиле во периодот од 12 мај до денеска.

Од почетокот на годинава, ова е 15 кражба извршена во верски објект. На удар, најмногу се црквите во реканско-мавровскиот крај. Во шест цркви, украдени повеќе икони, стара книга, сребрен крст и други предмети. Последна регистрирана кражба беше викендов во двете цркви во Галичник. Бројката на кражби во верски објекти во гостиварско, бележи пораст, со оглед дека во 2013 година, вкупно беа регистрирани 15 случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top