| четврток, 6 декември 2018 |

Саем за деца и родители во „Скопје сити мол“

Од утре започнува вториот „Сити детски саем“, на кој покрај богатата програма и многуте содржини интересни за сите деца, ќе бидат понудени и големи попусти од страна на детските продавници за играчки, гардероба и детска опрема.

Billboard v2-01

– Следејќи ги потребите на децата, но и нивните родители, ја организираме оваа манифестација која има за цел да понуди интересни содржини, едукативни активности, социјализација на децата, враќање на старите познати маалски игри кои се повеќе се забораваат,  како и бесплатни советувања од професионален тим во областа на педијатријата и нутриционизмот. Воедно ќе бидат понудени попусти и интересни акции во детските продавници, а истотака ќе има и улица на книгата со повеќе издавачи од земјава. Креирањето и реализирањето на ваков тип на настани, се само потврда дека „Скопје сити мол“ континуирано се грижи за заедницата во која делува – изјавија од „Скопје сити мол“.

902288_563378360408848_107367735_o

На вториот Детски саем најавени се настапи на дечиња од детски фестивали и детски хорови, работилници за деца во детското креативно катче, забава и смеа со аниматори и магионичари, гостување на театарски групи, детска модна ревији како и многу други интересни активности за децата.

Интересен е фактот што за првпат на овој саем се организира Улица на игрите, во кое најмладите посетители ќе можат да се забавуваат на добро познатите игри, како „плочка”, „не лути се човече”, „змија“ и многу други.

1294548_563300937083257_1338506023_o

Дополнително, за време на саемските денови ќе бидат организирани и работилници со педијатар, нутриционист и дерматолог, на кои родителите ќе можат да добијат бесплатни совети и одговори на секакви двоумици и прашања поврзани со развојот на децата.

1402009_563300403749977_1878471932_o

Посетителите на „Скопје сити мол“ , за време на оваа манифестација ќе можат да го проследат и првиот Саем на детска книга, а воедно и да ги научат техниките за успешно владеење на шаховската табла, презентирани од страна на Гамбит.

Вториот Детски Саем  се одржува на 2 кат во „Скопје сити мол“  и трае се до 20 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top