| четврток, 6 декември 2018 |

По раскинот во тешка депресија, се здебели и пие за да заспие

Странските медиуми пренесуваат дека американсата пејачка Кејти Пери е во навистина лош период и тешко се опоравува од раскинот со Џон Мајер. Крајот на врската го поднела скоро трагично, па покрај тоа што престана да обрнува внимание на својот изглед, таа утеха бара и во алкохолот.

– Кејти е огорчена по она што се случи со Џон, бидејќи тоа ја потсети на болниот развод со Расел Бренд. Се убива од работа, само за да има помалку слободно време, бидејќи тогаш е во многу лоша состојба. Осамена е и во една вечер сама го празни шишето вино. Вели дека тоа е единствениот начин да заспие – раскажува нејзин близок пријател.

Таа, наводно се здебелила повеќе од пет килограми, после прекинот на врската во февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top