Поголем дел од минатата година можевме да читаме за големата романса меѓу Кеjти Пери и Џон Маер, но во феврури оваа година беше објавено дека тие дефинитивно ја прекинале врската.
Американските шоу бизнис медиуми јавуваат дека пејачката на фестивалот „Коучела“, оддржан минатиот викенд е видена во друштво ди-џејот и продуцент Дипл.
– Кејти и Дипл беа заедно на „Коучела“. Ги видовме заедно зад сцената каде што се наоѓаше нејзиниот автобус. Беше многу јасно дека тие двајца се заедно, изјави „очевидец“ за „Њујорк Пост“.
„Рејдар Онлајн“ наведува дека Кејти и Дипл се видени во прегратки на забавите на Џереми Скот и на „Адидас“ во Палм Спрингс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



