Падна град, го отежна сообраќајот а потоа се одрони и дел од карпа која заврши на коловозот на автопатот Скопје – Велес, пренесува порталот „Дума“.
Повредени нема, но има оштетени возила кои налетале на одронот. Во одронот прво удрило возило на Брза помош, а во него и автомобил „југо“.
![]()
Тоа беше причина за делумен застој на сообраќајот на патот и создавање на подолга колона од возила, раскажаа граѓани од Велес кои секојдневно патуваат по автопатот. Тие ги испратија фотографиите од состојбата на автопатот ова попладне.
Повеќе фото на „Дума“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


