| четврток, 6 декември 2018 |

Парада на гордоста во Белгад, сепак, ќе има

Под засилено полициско обезбедување, со нови мерки и тактики на заштита, парадата на гордоста во Белград, сепак, ќе се одржи на најавениот датум 31 мај, пренесуваат српските медиуми повикувајчи се на извори блиски власта.

Пред неколку дена премиерот Александар Вучиќ изјави дека ако државата одлучи дека е безбедно, парада ќе има. Тој потенцираше дека нема ништо против геј популацијата, но не сака да биде премиер на земја чии слики од претепани учесници и разрушен Белград, ќе го обиколат светот.

Низ центарот на главниот град на Белград два часа ќе се вее виножитото, знамето на ЛГБТ заедницата.

Геј популацијата во соседната држава со години инсистира да ја одржи оваа парада, но четири години со ред им беше забранувано. Лани и покрај забраната од безбедносни причини од страна на државниот врв, неколку стотина припадници на ЛГБТ се собраа во вечерните часови и одржаа своевиден марш.

Првиот „прајд“ во Белград во 2001 година заврши со масовно тепање на учесниците.

Според анкетите на српските медиуми, голем процент, околу 80% од испитаниците, се против парадирањето на хомосексуалците во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top