Пред нешто повеќе од 2 часа избил пожар во куќата на Џафер А. (60) од Велес на улицата „Богдан Каракостев“. Во пожарот изгорла невенчаната сопруга на Џафер, Џева О. (56), пренесува „Прес 24“ повикувајќи се на полициски извори.
На терен веднаш излегла велешката противпожарна бригада. Околу 30 минути им биле потребни за да го изгаснат огонт, но за Џева било доцна. Нејзиното тело било пронајдено во пеплосаните остатоци од куќата.
Извршен е увид од страна на полицијата, но се уште се вештачи, од кои причини избувнал пожарот и како се случило жената да остане во запалената куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.