| четврток, 6 декември 2018 |

Смтоносен вирус однел 152 животи – СЗО на итен состанок

24.09.virus1_

Лекари и експерти за инфективни болести денеска остварија средба во Светската здравствена организација (СЗО) во Лондон за да разгледаат дали смртоносниот вирус кој се појавил на Блискиот исток во 2012 година претставува опасност која бара меѓународно ангажирање.

Претставници на СЗО изјавија дека состанокот се одолжил повеќе од што се очекувало и заклучоците од состанокот ќе бидат соопштени утре на конференција за новинарите.

Малку познатиот блискоисточен респираторен синдром (МЕРС) однел 152 животи откако првпат се појавил во Саудиска Арабија во 2012 година, а се проширил по регионот и имало некои случаи во Европа, Азија и САД.

Со него се заразени повеќе од 500 луѓе само во Саудиска Арабија. Стапката на смртност изнесува 30 отсто од заразените, пренесе Ројтерс.

Експертите се уште го проучуваат овој вирус и против кого се уште не постои  вакцина наводи АФП.

Овој нов вирус предизвикува поголема смртност и од вирусот САРС.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top