По концертот во Бугарија и турнејата во Австралија, македонскиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткаристика, ја најавува „Дими џам’’, нова песна која заедно со видеоспотот ќе биде промовирана на почетокот на јуни.
На песната, Слаткаристика работеше заедно со познатиот македонски саксафонист, Ферус Мустафов, како и со еден од најуспешните пејачи во 2013 година, Тајзи.
Во интересен, сосема поинаков од досегашниот чуен звук во Македонија, со етно моменти, Слаткаристика на свој хумористичен и метафоричен начин ја раскажува приказната за новата „Дими џам”, велат од продукцијата „Иноватива груп“.
Снимањето, музиката и аранжманот се работени во студиото на Јованови.
Со оваа песна Слаткаристика започна со подготовките на неговиот трет соло албум, а за време летото, од „Иноватива груп“ најавуваат учество на нивниот артист на повеќе фестивали, и реализација на концерти низ нашата држава и во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Тајзи промовира нов спот (видео)
-
„Омилена“ на Тајзи летово на балканските радио станици
-
Малкумина знаат дека Тајзи бил успешен кошаркар: Дали ги препознавате трите кошаркари на Куманово во сликата на Тајзи?