| четврток, 6 декември 2018 |

Стариџ им се извини на навивачите на Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул Даниел Стариџ им се извини на навивачите поради тоа што не успеале да ја освојат титулата во Премиерлигата, но истакна дека наредната сезона можат да дојдат до трофеј.

– Знам дека целта ни беше пласман во Лигата на шампиони, но не можам да кажам дека сум среќен. Знам дека од седмо место дојдовме до второ, но јас никогаш не сум среќен кога сум втор без разлика дали станува збор за тенис, крикет или било што. Не сакам да губам – изјави Стариџ.

Ливерпул имаше се во негови раце, но на крајот на свој терен се лизнаа против Челси. По тој пораз на „Енфилд“ предноста премина на страна на Манчестер Сити, кој титулата ја потврди во последното коло.

– Сите сме гладни за успех. Навивачите заслужуваат успех. Ни даваа голема подршка од првата до последната минута и им се извинувам на сите поради тоа што не ја освоивме Премиерлигата. Ќе направиме се што можеме и ќе пробаме наредната сезона тоа да го направиме. Верувам дека можеме – рече Стариџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top