| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка за Вања Лазарова да добие статус на национален уметник и национална пензија

вања лазарова

На социјалната мрежа фејсбук е актуелна група за поддршка на македонската музичка легенда, Вања Лазарова со цел да добие статус на национален уметник и национална пензија. Групата организираше настан во паркот во општина Кисела Вода, но тој беше откажан поради дождот.

Во Домот за стари лица „Милица“ во оваа скопска општина се поканети сите оние кои сакаат да се сретнат со Вања Лазарова и да ја посетат.

Вања Лазарова е македонска пејачка на изворни народни песни, доајен на македонската народна музика.

Извесно време работела во Операта при МНТ, а била член и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Чрчил. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top