| четврток, 6 декември 2018 |

Загина момче во сообраќајка

soobrakjajka

Дваесет и двегодишниот Лиридон Емини починал ноќеска, во сообраќајката која се случила на патот Кичево – Охрид. Од полицијата известија дека Емини бил сопатник во возилото „мерцедес“ кое го возел триесетгодишниот Д.М. од Кичево. Во еден момент, возилото удрило во електричен столб крај патот и се превртело.
Возачот и друг сопатник биле повредени, но по укажаната помош во болницата во Кичево се пуштени на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top