| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаревска: Секој ден да биде Ден на револуција во исхраната

food revolution

Ма­ја Ла­за­рев­ска е еден од ам­ба­са­до­ри­те на Фон­да­ци­ја­та за хра­на на Џеј­ми Оли­вер во Ма­ке­до­ни­ја. Таа во со­ра­бо­тка со Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка в петок, на 16 мај го ор­га­ни­зи­ра Де­нот на ре­во­лу­ци­ја­та во ис­хра­на­та во си­те гра­дин­ки во на­ша­та зем­ја. Пла­ни­ра­но е да би­дат оп­фа­те­ни си­те де­ца на во­зраст од две до шест го­ди­ни што по­се­ту­ва­ат гра­дин­ка во си­те гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја. Пла­ни­ра­но е кра­тко об­јас­ну­ва­ње на важ­но­ста на здра­ва­та хра­на во гра­дин­ки­те, а де­ца­та, пре­ку игри, бо­ен­ки и при­каз­ни ќе откри­ва­ат од ка­де по­тек­ну­ва нив­но­то ја­де­ње, што со­др­жи нив­на­та хра­на и ка­ко вли­јае хра­на­та врз нив­но­то те­ло. Ќе при­го­тву­ва­ат са­ла­та ви­но­жи­то во па­ла­чин­ка, а ќе за­са­ду­ва­ат зе­лен­чук во ма­ла­та ор­ган­ска гра­ди­на во дво­рот на гра­дин­ки­те. Иа­ко на­ста­ни­те во гра­дин­ки­те ќе би­дат од за­тво­рен тип, Ла­за­рев­ска ги охра­бру­ва си­те ро­ди­те­ли за­ед­но со сво­и­те де­ца да се вклу­чат во оваа ак­ци­ја и со нив да зго­тват вкус­ни и здра­ви ре­цеп­ти.

maja lazarevska

Што ве натера да се вклучите во Денот на револуција на исхраната?

 Лазаревска: Уште од кога бев студент почнав да експериментирам во кујна, готвењето стана вид на медитација за мене, а здравата храна ми е догогодишна истражувачка пасија. Во своето образование имам и нутриционистичка обука која ја практикувам на моето семејство и домашната кујна. Џејми Оливер долго го следам бидејќи, покрај тоа што е готвач, за мене е исклучителен социјален работник, па сите негови програми ми се инпирација за сите мои активности. Како родител сум дел од неколку формални и неформални групи каде што храната е една од најдискутираните теми во нив. Моите интереси најдоа заеднички именител во оваа платформа во која аплицирав минатата година и за среќа амабасадорското место ми беше одбрено, а со тоа ми станаа достапни сите ресурси кои ги има фондацијата. Моето залагање како амбасадор го гледам во насока на создавање на услови, ресурси и круг на поддржувачи со кои ќе се понуди прилагодена едукација на децата и родителите за важноста на домашно приготвената храна и здравата храна а со тоа да се превенираат и здравствени состојби кои се резултат на нездрава храна.
Колку Вам храната ви е пасија и колку уживате во приготвувањето на здрави оброци за вашето семејство?
Лазаревска: Храната ми е едно од полињата каде се чувствувам најсигурна. Дел сум од многу иницијативи каде храната е тема. Најинпиративна од тие групи е и една прекрасна кооперативна група која има за цел да ги поврзе органските производители од Македонија со нашето урбано Скопје и органска и чиста македонска храна да дојде на нашите трпези. Во храната гледам инвестиција која ја правам за моето семејство за кое знам да готват и по неколку пати во денот, веројатно сум една од ретките која знае и по 10 пати во денот да го премие соковникот за да направи свеж сок. Готвејки секојдневно сметам дека ја правам најдобрата инвестиција за моето семејство уживањето додека тоа го правам ми е само плус позитивна енергија.
 FoodRevolutionDayLogo2014
Која е целта на Денот на револуцијата во исхраната?
 Лазаревска: Платформата Револуција во исхраната е основана и почна во 2010 година, како кампања и борба против епидемијата од дебелина и болести чиј причинител е исхраната. Taa претставува движење што овозможува луѓето кои сакаат добра и здрава храна да дојдат и заедно да споделат информации, таленти и ресурси, а исто така да го пренесат своето знаење и вештини и со тоа да придонесат до оживување на традиционалните погледи за приготвување на храната и готвењето како есенцијална вештина која може да ја има еден човек. Идејата е да се создаде едно светско движење кое ќе инспирира промени во навиките во исхраната на луѓето притоа промовирајки мисија за подобра храна и образование за секого.
Дали е потребно драстично да се сменат навиките на Македонците во исхраната?
Лазаревска: Ние имаме убава македонска кујна, која по мои стандарди можеби треба да претрпи адаптации за да биде малку поздрава и да се зачуваат нутритивните вредности малку повеќе. Имаме прекрасен зеленчук и овошје кои имаат вкус како никаде на друго место во светот. Тоа треба да го зачуваме. За среќа, кај нас сѐ уште многу семејства кои дома приготвуваат оброци. Долго сум дел и од форуми низ други земји во светот и навистина разликата е огромна во перцепциите, но за жал модерното темпо на живеење не носи натаму, каде се помалку имаме време да го негуваме семејството со свежо приготвена домашна храна. Уморни од работа многу ни е полесно да купиме нешто, отколку да го зготвиме. Се надевам дека овие настани и активностите кои следат ќе не зачуваат во нашата традиција да ивестираме во здравјето на најблиските со здрава и домашна храна и можеби ќе прикажат еден по нов модерен пристап на кујна која може да биде здрава, вкусна и забавна и секако, да охрабри многу да ја практикуваат.
 maja lazarevska1

Што најчесто вие приготвувате за домашните?

 Лазаревска: Она што е секојдневно на менито дома се цедени сокови, смути, и големи обилни салати и за ова нема компромис. И кога немам време да спремам нешто, импровизирам да протнам барем по една здрава намирница. Рецепти собирам и тестирам и смислувам речиси секојдневно. Нов хит дома ни е чорба од црвена леќа, која е турски специјалитет. Готвам се, месам леб, и сакам да правам убави и здрави десерти, млечни продукти, едноставно се што знам дека децата ќе ги направи посилни и поздрави го правам со задоволство и при тоа се трудам тоа да биде максимално балансирано.
Што им предлагате на градинките во нивните менија да направат измена?
Лазаревска: Јас сум вклучена и соработувам со Министерството за труд и социјална политика како некој кој сака да придонесе менијата да се подобрат. На македонските градинки им недостига унифицираност, но МТСП со своите активности веќе работи на надминување и на тој проблем на што посебно се радувам. Ручеците и салатите се одлични и тоа е за поздрав, она кое треба да претрпи промени се можеби појадокот и ужините, но од она што сум јас информирана и на тоа се работи и резултатите веќе ги очекувам. Знаете важни се мали чекори и мали подобрувања и секако слух од надлежните кој за среќа постои. Доказ за тоа е и поддршката која МТСП ја даде на оваа иницијатива па револуцијата во исхраната оваа година ќе се реализира во сите градинки во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top