Русија возвраќа на санкциите на САД. Москва објави список на мерки кои предвидуваат санкции кон Соединетите Американски Држави.
– Русија ќе и забрани на САД да ги користи руските ракетни мотори за лансирање на воени сателити, изјави вчера заменик преимерот Дмитриј Рогозин сошто Русија возврати на санкциите на САД на опремата за висока технологија.
– Подготвени сме да продолжиме со испорака на тие мотори но под услов да не се користат за лансирање на воени сателити, рекол тој.
Розгин исто така рекол дека Русија ќе го одбие предлогот на САД за продолжување на користењето на Меѓународната вселенска станица ИСС по 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.