Шкотската пејачка Емили Санде ја освои главната награда на британските музички награди во областа на популарната музика и тоа во две категории, за најдобра пејачка во Велика Британија и за албум на годината. И Ејми Вајнхаус, постхумно, беше номинирана во категоријата најдобра пејачка.
Другите добитници на поважните признанија се 25-годишниот англиски музичар Бен Хауард, во категоријата „најдобар британски пејач“ и „подем на годината“ и Адел којашто го доби признанието на британските награди за синглот „Скајфол“ со темата од последниот филм за тајниот британски агент Џејмс Бонд.
Адел беше спречена да присуствува на церемонијата, бидејќи се подготвува за настап на церемонијата на доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскар, коешто ќе се случи на 24-ти февруари во Лос Анџелес.
Фолк-рок бенд „Мамфорд ан санс“ (Mumford and Sons) беше прогласен за најдобар британски бенд, а „Колдплеј“ ја добија наградата за најдобар настап во живо, пред легендарните „Ролинг стонс“ коишто првпат беа номинирани за британските награди пред пред 35 години.
Специјална награда како признание доби хуманитарната организација која им помага на децата, „Вор чајлд“ (War Child). Неодамна на дискот за оваа фондација се појавија водечките британски музичари како „Оејзис“, „Рејдиохед“, „Масив атак“, Пол Маккартни, а наградата во име на организацијата ја прими фронтменот на бендот „Блур“ Дејмон Албарн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



