Шест украински војници се убиени, а осум се ранети откако упаднале во заседа на проруските сепаратисти во близина на градот Краматорск, во регионот Донецк, соопшти украинското министерство за одбрана.
Според истите извори, 30 проруски бунтовници со тешко вооружување нападнале конвој со возила на украинската армија кој се приближувал до мост. Донецк е една од двата региони каде што беше прогласена незавнисност од Украина по спроведените референдуми викендов.
Во Луганск пак бил извршен обид за атентат врз водачот на проруските бунтовници. Самопрогласениот гувернер Валериј БОлотов бил потешко ранет, но не бил во животна опасност.
– Непознати луѓе пукале кон него со автоматско оружје додека бил во автомобил. Болотов изгубил многу крв, но не е во животна опасност, соопштил портпаролот на гувернерот за Би Би Си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.