| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 151 загинат при експлозија во рудник во Турција (видео)

-151 рудар загинал во несреќа што се случила во рудник во Турција. Бројот на жртви може да биде многу поголем затоа што повеќе од 250 биле блокирани под земја и покрај напорите на спасувачките екипи, пренесуваат новинските агенции.

Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз ја потврдил бројката назагинати.

Несреќата се случила вчера попладне кога дошло до силна експлозија. Во тој момент во рудникот имало 787 рудари.

 

– До сега евакуиравме 363, а од тие 151 се мртви, изјавил Јилдиз и додал  „времето не работи за нас“.

Поголемиот број на загинати во рудникот за јаглен починале од труење со јаглен моноксид а 76 повредени рудари се префрлени во болница, рекол министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top