| четврток, 6 декември 2018 |

Затворени 101 објект поради неиздавање фискални сметки

За неиздавање фискални сметки Управата за јавни приходи (УЈП) минатата недела запечати 101 деловен објект, а на сопствениците им изрече парична глоба поради неправилности во финансиското работење.

Како што информираат од УЈП, најголем број затворени објекти има во Скопје (35), потоа во Битола (20), Струмица (6) и во Гостивар (5), додека останатите се лоцирани во други 21 општини.

УЈП минатата недела спроведе засилени контроли на целата територија на државата, при што беа опфатени 665 деловни објекти.

Во Управата сметаат дека и покрај тоа што контролите во делот на фискализацијата се меѓу најексплоатираните теми во јавноста и постојано се апелира даночните обврзници редовно да им издаваат фискални сметки на потрошувачите, се уште постојат деловни објекти кои не го регистрираат прометот и го оштетуваат Буџетот на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top