| четврток, 6 декември 2018 |

Кинези сакаат да ја купат „Adria Airways“ и аеродромот во Љубљана

Кинеската компанија China Southern Airlines Corporation заинтересирана е за купување на аеродромот во Љубљана и словенечката авиокомпанија Adria Airways, објави во вторникот весникот „Slovenske novice“. Двете компании се наоѓаат на листата државни претпријатија што минатата година владата и парламентот ги ставија на списокот за продажба и приватизација.

Кинезите би сакале љубљанскиот аеродром да го преземат уште во текот на летото, а во случај да им успее намерата, планираат да ја модернизираат инфрастрктурата и да ја довршат веќе започнатата изградба на новиот патнички терминал, наведува весникот, повикувајќи се на неофицијални неименувани извори.

Кинеската компанија искажала  интерес и за купување на Adria Airways поради квалитетот на нејзината техничка служба за одржување на авиони, наведува весникот, но не изнесува други детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top