Рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ денеска предупреди дека би можел да ја прекине испораката на природен гас на Украина на 3 јуни со што би се загрозила испораката на гас за најмалку 18 европски земји.
Извршниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер порача денеска дека Украина мора однапред да ја плати јункста испорака поради заостанати долгови, пренесува агенцијата „Франс прес“.
-Украина има рок до 3 јуни наутро да плати или тој месец ќе прими нула кубни метри гас, рече Милер за руската агенција „Интерфакс“.
Според соопштението на руското Министерство за енергетика, Украина во овој момент на Русија на име гас и должи 2,55 милијарди евра. Киев, меѓутоа одбива да ги подмири своите обврски во знак на протест поради одлуката на Москва да ја удвои цената која им ја наплатува за испорачаниот гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.