Грција од Бугарија увезла месо од коњи, магариња и мазги, сооопшти електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“, повикувајќи се на напис во британскиот весник „Гардиан“.
Според податоци на европската статистичка служба Евростат во 2012 година во земји од Европската унија се увезени над 60.000 тони од ова сомнително месо.
Во Грција биле увезени вкупно 74,3 тони од сомнителното месо, а во Кипар дури 291,8 тони.
Според написот во „Гардиан“ во минатата година Грција од Бугарија увезла 34,4 тони, 15,9 тони од Романија, 24 тони од Шпанија и 100 килограми од Италија.
Увозниците и продавниците, кои имале најснотии за потеклото и квалитетот на месото, ги криеле информациите и производите со сомнителното месо ги нуделе на грчкиот и кипарскиот пазар, забележива весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



