Москва сè уште нема донесено одлука за барањето на самопрогласената „Донецка Народна Република“ за припојување кон Руската Федерација, изјави денеска потпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Тој наведе дека Русија нема да брза со одговорот на барањето на Донецк и оти се залага за дијалог меѓу Киев и источните региони на Украина.
Кремљ вчера соопшти дека ја почитува волјата на народот во Донецк и во Луганск и оти се надева дека резултатите од рефендумите ќе бидат спроведени на цивилизиран начин.
Самопрогласените „Донецка Народна Република“ и „Луганска народна република“ вчера прогласија независност од Киев по неделните референдуми на кои големо мнозинство од граѓаните се изјаснија за „самоуправа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.