Претседателот на Кенија, Мваи Кабаки, стави вето на законот, со кој во средата, доцна вечерта, на последниот ден пред националните избори пратениците си изгласаа солидни бонуси за заминување од функциите, пренесоа американските медиуми.
Претседателот Кабаки на главниот обвинител во земјата му нареди да го сообрази законот со Уставот.
Текстот на законот, донесен во средата, на секој пратеник му дава речиси 110.000 долари. Просечната плата во Кенија е околу 1.700 долари. Тој, исто така, на поранешните пратеници им обезбедува и вооружен бодигард, дипломатски пасош и достап до ВИП салите на кениските аеродроми, како и државен погреб.
За претседателот, вицепретседателот и премиерот, исто така, се предвидени големи пензиски пакети.
Според Комисијата за плати и обештетувања, меѓутоа, пратениците немаат право да ги определуваат сопствените плати согласно Уставот, донесен во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.