Ексклузивниот ресторан „Вавилон“ годинава ќе собере над 600 гости на манифестацијата на која ќе бидат избрани најуспешните битолчани од областа на бизнисот, политиката, образованието, културата, естрадата, спортот и здравството.
Изборот за најуспешни битолчани како и во изминатите години директно ќе се пренесува на Тера телевизија и радио Б97.
Покрај големиот број на еминентни гости од јавниот и културниот живот од земјата и странство, на изборот ќе настапат и битослките групи Деспина и Молика, а како специјални гости ќе се појават ексклузивците на Горила продукција Димитар Андоновски и Тамара Тодевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.