| четврток, 6 декември 2018 |

„Патките“ од Анахејм пак се моќни

НХЛ-плејофот оваа сезона е извонредно интересен, со многу неизвесни серии и фантастични натпревари што ноќеска го потврдија и екипите на Анахејм и Лос Анџелес кингс, а пред нив и Монтреал и Бостон.

Популарните „патки“ од Анахејм повторно се моќни и потсетија на стариот прекар „моќни патки“ со победа од 4-3 против ривалот од Лос Анџелес. Со тоа домаќините направија комплетен пресврт и од работ на елиминација и негатива од 0-2, и тоа со два порази на свој терен, стигнаа до предност од 3-2 во серијата што се игра до 4 победи.

Анахејм ноќеска имаше водство од 4-1 со головите на Бонино, два на Смит-Пели и еден на Силфверберг, но „кралевите“ возвратија и намалија на 3-4 со двата погодока на Габорик. Во финишот блескаше младиот голман на „патките“ Џон Гибсон, со неколку феноменални интервенции. На крајот 21-годишниот голман имаше вкупно 39 одбрани, што е ефект за респект во НХЛ.

Во вториот дуел во Монтреал, Канаѓаните го декласираа Бостон и израмнија на 3-3 во серијата, па за првиот патник во финалето на Источната конференција ќе одлучува седмиот меч во Бостон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top