Идниот викенд почнува бесплатното возење за пензионерите во автобусите на ЈСП „Скопје“ секоја недела. Со оглед на тоа што Собранието веќе е конституирано, не постојат пречки за одлуката да почне да се применува. Пензионерите досега во автобусите на градскиот превоз во Скопје се возеа бесплатно во вторник, петок и во сабота. Одлуката за „бесплатна недела“ беше донесена уште пред изборите, но не можеше да се применува заради одредбите во Изборниот законик.
Во предизборната програма ВМРО-ДПМНЕ вети и бесплатен градски превоз за студентите во четврток, но ова сѐ уште не поминало во Советот на Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.