„Што може да донесе единствената европска платежна област (СЕПА) за банкарството и за реалниот сектор во Република Македонија?“ е тема на настанот што денеска го организира Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.
Предавачи на значајни теми од банкарскиот систем ќе бидат Томаз Хладек, виш советник на Претседателството на Чешката банкарска асоцијација, и д-р Мартин Кадорик, заменик-извршен директор за услуги за трансакции и плаќања на Комерцијална банка а.д. – Прага.
Претходно е предвидено обраќање на гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Димитар Богов, и на претседателот на Здружението на банкарството, Ѓорѓи Јанчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.