| четврток, 6 декември 2018 |

Попладне повторно дожд

dozdlivo-vreme-m

Вториот ден од оваа недела носи повеќе сонце претпладне одошто понеделничкото претпладне. Но, попладнето ќе биде нестабилно, особено во источните делови од земјата. Оваа дестабилизација ќе донесе локален дожд и грмежи. Западниот регион очекува релативно стабилно време. Ќе дува претежно слаб југозапден ветер.

Според  метеопро.мк, максимална температура околу 23°С се очекува во поголемиот дел од населените места низ земјава. Југот на Повардарието очекува максимални 28°С.

Во Скопје се очекува умерена облачност која повремено ќе носи дожд наутро. Попладне ќе има услови за нестабилност со појава на локален дожд и грмежи. Дневниот максимум на температурата ќе достигне до 25°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top