| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка не сака странски војници на НАТО на нејзина територија

CZECH-NATO-DIPLOMACY-DEFENCE

Министерот за одбрана на Чешка соопшти дека неговата земја не сака да прими на својата територија странски трупи на НАТО, како дел од планот за засилување на источното крило на алијансата поради кризата во Украина.

Министерот Мартин Сропински изјави дека неговта земја не е расположена за какви било трупи од надвор да бидат сместени во земјата освен ако не се на покана на Прага, јавува „Ројтерс“.

– Ние многу добро знаеме дека сѐ уште е проблем постојаното стационирање трупи. Припаѓам на генерација која го искуси присуството на 80.000 советски војници кои беа сместени тука во периодот на „нормализација“ по 1968 година и сѐ уште тоа е некаков психолошки проблем – вели Стропински.

Во секој случај, тој вели дека секоја друга соработка не е проблем.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top