Во Велес денеска беше претставен проектот за испитување на корупцијата, транспаретноста и отчетноста кој ќе се реализира во 43 македонски општини.
Финансиран е од ЕУ, а ќе се спроведува во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики.
– Целта на проектот кој ќе трае една година, е да се сузбие корупцијата. Во него се вклучени 43 општини од осум региони во државата, истакна Весна Апасиева, еден од истражувачите на локално ниво.
Проектот ќе го реализираат осум невладини организации од кои „Грин Пауер“ ќе врши мониторинг на општините Велес, Чашка, Неготино, Градско и Лозово. Тројца истражувачи ќе прибираат информации за транспарентноста, отвореноста, отченоста, доброто владеење, нивото на коруптивност и начинот на работа со граѓаните.
Методологијата за истражувањето е направена во соработка со невладината организација Гонг од Загреб. Стратегиски партнери се Министерството за локална самоуправа и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.