| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре пороен дожд и пад на температурите

Облачно време со поројни дождови и пад на температурите се очекува од утре до сабота во Македонија.

Управата за хидрометеролошки работи информира дека веќе денеска во попладневните часови во северните и североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен југозападен и западен ветер кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северозападен.

Пообилни врнежи ќе има во среда, кога на места се очекува да ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен и ќе дува засилен ветер. Во следните денови до сабота ќе преовладува облачно време со повремен дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top