| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдена казната на Шимуниќ, дефинитивно останува дома

Судот за спортска арбитража во Лозана ја потврди казната од десет натпревари без право на учество за својата репрезентација изречена од ФИФА поради извикувањето усташки пароли по завршувањето на бараж-натпреварот за СП во Бразил.
По долготрајното судење и изнесувањето на доказите дека тие пароли не се усташки, од страна на адвокатскиот тим на Шимуниќ, судот само ја потврди казната.
Фудбалерот на Динамо и на хрватската репрезентација е казнет со десет натпревари без право на настап за Хрватска и нема право да присуствува на стадионите на кои ќе се игра СП во Бразил.
Хрватскиот селектор Нико Ковач го чекаше решението од судот во Лозана за да го соопшти списокот на фудбалери што ќе ја претставуваат својата земја на престојниот мундијал.
Се очекува Ковач да го достави конечниот список утре, на кој ќе го нема името на Јосип Шимуниќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top