СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Д.(28) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело давање поткуп.
На 16 минатиот месец, додека полициски службеник извршувал службени дејствија во нас. Драчево, на раскрсницата ул.„Китка“ и ул.„Иван Хаџиниколов“, забележал моторцикл без регистерска табличка и од извршената контрола констатирал дека моторциклот бил со истечена регистрација, а лицето кое го управувало, пријавениот Т.Д., не поседувал возачка дозвола.
Полицискиот службеник на лице место изготвил два Записника за сторени сообраќајни прекршоци и регистрирање на негативни бодови и два Платни налози, но во тој момент пријавениот извадил три банкноти во апоени од по 100 денари и му ги ставил во џебот од ветровката на полицискиот службеник за да ги искине записниците, по што бил лишен од слобода и доведен во ПС ОН Драчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.