| четврток, 6 декември 2018 |

Добротворен настан на Интернационалното здружение за жени

unnamed

Интернационланото здружение за жени (ИВА) и годинава е организатор на добротворниот настан „Вино и сирење“ кој ќе се одржи на 15. мај во 20 часот во „Сити хол“ во Скопје. Цената на билетот е 500 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за добротворни цели.

За музичкиот дел е задолжен бендот “Ѓезме” од Куманово и танцовото студио „Денс“ од Скопје, под водство на долгогодишната национална првенка во танц, Виолета Васевска.

Добротворниот фонд кој ќе се создаде од продажба на влезници, лотарија и тивка аукција ќе биде поделен на три  организации  – Меѓународното здружение на жени (кое е организатор и домаќин на овој настан), „Позитиво“ – здружение кое работи на еколошки проекти и емоционална интелигенција со деца од училишна возраст и Центарот за Даунов синдром.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top