Македонскиот автомобилист Игор Стафановски-Иџе, кој се натпреварува на ридско-брзински патеки, победи на третата трка од европскиот шампионат на патека во Португалија. По победите во Франција и во Австрија, популарниот Иџе оствари хет-трик и со тоа најави дека е најсероизен кандидат за освојување на европскиот трон во класата Н со неговиот автомобил „мицубиши лансер ево“.
Следниот викенд Стефановски ќе учествува на Пиринеите, каде што ќе вози на Големата награда на Шпанија и ќе атакува на нова победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


