| четврток, 6 декември 2018 |

„Жената која ги избриша своите солзи“ годинава на Канскиот фестивал во пропратната селекција

Жената која ги избриша своите солзи“ ќе ја отвори оваа селекција на 17 мај во 21 часот, а на отварањето ќе присуствуваат прославената актерка Викторија Абрил и македонската режисерка Теона Митевска

жената која ги избриша своите солзи

Македонскиот филм „Жената која ги избриша своите солзи“ ќе биде прикажан на годинешниот Kански филмски фестивал во пропратната селекција на Социјални визии (Visions Sociales).

„Жената која ги избриша своите солзи“ ќе ја отвори оваа селекција на 17 мај во 21 часот, а на отварањето ќе присуствуваат прославената актерка Викторија Абрил и македонската режисерка Теона Митевска.
Социјални визии преку десет години е партнер на Канскиот фестивал и во оваа престижна пропратна програма ги селектираат општествено-ангажираните филмови и организираат дебати и разговори со цел актуализација на горливи општествени теми кои се обработени во овие филмови.

По „Јас сум од Титов Велес“, кој во 2009 година беше прикажан во селекцијата АСИД, ова е втор филм во историјата на македонската кинематографија кој по премиерата на еден од најпрестижните фестивали во светот Берлинскиот филмски фестивал, својата француска премиера ја има на Канскиот филмски фестивал.
„Жената која ги избриша своите солзи“ досега патувше на над 50 фестивали насекаде низ светот, а кинодистрибуција имаше во Германија, Белгија, Словенија, Србија, Босна, Црна Гора, Македонија.
Следниот месец филмот ќе биде прикажан  на филмскиот фестивал во Сицилија, како и на Дубица филмскиот фестивал.
„Жената која ги избриша своите солзи“ во јули ќе ја почне и својата телевизиската дистрибуција започнувајќи со прикажување во Србија ТВ СТУДИО Б.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top