| четврток, 6 декември 2018 |

Оставката на Борисов ги подели Бугарите

Бугарите се поделија во поддршката за и против оставката на премиерот Бојко Борисов. Според анкетата на Алфа ресрч, 50 отсто од Бугарите сметаат дека владата треба да даде оставка, додека 47 проценти не се согласуваат со одлуката. Останатите три проценти немале мислење.

Денеска на пладне, парламентот ќе гласа за оставката на владата. Борисов не го издржа притисокот на граѓаните по четиридневните масовни демонстрации поради зголемената цена на струјата и строгите мерки на штедење.

Бугарските аналитичари сметаат дека потегот на Борисов е со предумисла за да ја задржи довербата на гласачите пред престојните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top