| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанката Ленче ќе вози Рено Твинго од Твингоманија 2

Под мотото „За добро“, во чест на одбележување на 4 години приредувањето игри на среќа, караванот на Државна лотарија на Македонија продолжува да ги забавува сите играчи на игрите на среќа низ земјата.  Покрај можностите да учествуваат во игрите на среќа и да добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија, нашите играчи имаат прилика и да ги остават своите коверсти со фискални сметки во специјалните кутии наменети за наградната игра.

Нашата екипа при посетата во Битола, пред продажното место Вагабонт имаше прилика, покрај дружењето со среќните играчи од овој град, да се запознае и со дамата која го надополнува списокот со среќни добитници на Државна лотарија на Македонија.

Битолчанката Ленче Синановиќ Христовска е пасионарен играч на Инстант лотариите. Најчесто купува по еден Инстант лоз. Последниот, лозот Твингоманија, го купила во продажното место Вагабонт во Битола, а го изгребала дома. Со неверување ги забележала трите заштитни логоа на Рено, па се упатила во продажното место да провери дали овој лоз навистина е добитен. Предходница на овј случај бил лозот Среќни тркала, каде имала три тркала, па мислела дека има добивка, но потоа сфатила дека за премијата требаат четири тркала. Кога на продажното место и објасниле дека овојпат лозот е добитен, сеуште со неверување се упатиле во Скопје за да ја потвдрат својата добивка.

Reno Tvingo 'e vozi Lence

Среќниот лоз Твингоманија на Ленче и ги обезбедува клучевите од прекрасниот автомобил Рено Твинго Тренд, кој како што и самата ни изјави, ќе го вози со задоволство. Клучевите од автомобилот Рено Твинго Тренд и ги додели познатиот водител Виктор Петров Викса.

Само за потсетување, со лозот ТВИНГОМАНИЈА Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,00 денари.

Лозот е со цена од 40,00 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни 2012. Уште на првиот ден на продажба го добивме и првиот добитник на автомобил Твинго Тренд. Забавата и добивките од новата серија инстант лозови под името ТВИНГОМАНИЈА се организираат во соработка со автомобилската куќа Аутомотив Груп – како официјален застапник на реномираниот бренд Рено, со кои се обезбедени вкупно  40 автомобили. Учесникот го дознава резултатот кога ќе го отстрани заштитниот слој од полето за игра. Лозот е добитен, ако на три различни полиња од вкупно 6 (шест) полиња е отпечатен заштитниот знак на брендот Рено или на три различни полиња од 6 (шест) полиња е отпечатен ист износ. Твингоманија 2  досега пријатно да изненади многу добитници меѓу кои се  вкупно 17 лица кои ќе ги возат овие прекрасни автомобили. Четири Твинго Тренд ќе се возат низ Скопје, три во Струмица, три во Битола  а по еден автомобил Рено Твинго се вози низ улиците во Кичево, Тетово, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Гостивар и Куманово. Во игра се уште 23 автомобили, како и бројни помали и поголеми парични добивки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top