| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија на бомба во Радишани

racna-bombaВчеравечер во скопско Радишани експлодирала рачна бомба, која од засега непознат сторител била фрлена врз покривот на семејна куќа. Се работи за семејството кое беше вмешано во групна тепачка на изборниот ден. Втора бомба била фрлена во дворот, но таа не експлодирала. Во целиот случај нема жртви, ниту повредени, а нема информации за материјална штета.

Од МВР го потврдуваат случајот и велат дека работат на расчистување на случајот.

На куќата има поставено безбедносни камери.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top