Меѓу песните кои ЦИА ги користела за испитување на затвореници се наоѓале детски песни, популарни комерцијални песни, хип-хоп, па дури и хеви метал, тврди авторот на книгата „Документите на Гвантанамо“, Енди Вортингтон.
Според статијата што ја објавил „Хафингтон пост“ на авторот Енди Вортингтон, меѓу овие песни била и една од најпопуларните детски песни од претстава која била актуелна на почетокот на 90-тите години на минатиот век.
Различни жанрови, наводно, биле намерно пуштани за да се раздразнат сетилата на затворениците. Тие поминувале долги часови слушајќи една иста песна, а потоа таа била заменета со друга од сосема поинаков жанр и изведбата повторно траела со часови.
– На почетокот таквата промена може да биде смешна, но после некое време навистина може да го донесе човекот до степен на лудило – тврди Вортингтон.
Американската музика наводно помагала затворениците да се повлечат во нивниот внатрешен свет без можност од него да „побегнат“, а се избегнувале песни од нивната култура и традиција. Според тврдењата, жанровите како хеви метал биле најефакасни во „измачувањето со музика“ бидејќи тие дотогаш немале слушнато такво нешто.
Објавувањето на овие тврдења на Вортингтон предизвикале негативни реакции кај некои музичари кои не биле среќни што се нашле на таквиот список и барале да бидат тргнати.
Еве некои од песните кои, наводно, биле на таа листа:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА