| четврток, 6 декември 2018 |

Загина тракторист

Осумдесет и едногодишниот Ѓорги Г. од беровското село Русиново вчера го загубил животот во несреќен случај.

Додека го управувал својот трактор, загубил контрола, по што тракторот се превртел, а од добиените повреди Ѓорги починал на самото место.

По извршениот увид, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top