Во технолошко-индустриската развојна зона „Скопје 1“ денеска ќе биде пуштен нов капацитет на фабриката за производство на автобуси на белгиската
компанија „Ван Хол“.
На пуштањето во употреба на новата фабрика е најавено присуство на премиерот Никола Груевски.
„Ван Хол“ почна со работа во Македонија во јули минатата година откако во 2012 година беше потпишан договор со Владата за инвестиција од 20 милиони евра во ТИРЗ „Скопје 1“. Капацитетот на „Ван Хол“ е прв од фабриките во македонските индустриски зони кој произведува конечен готов производ, а оди под брендот „произведено во Македонија“. Голем дел од производниот процес веќе вклучува компоненти од македонско производство.
„Ван Хол“ е семејна компанија од Белгија, формирана во 1947 година. Произведува градски и меѓуградски автобуси, како и индустриски возила. Има повеќе од 4.000 вработени во светот и остварува преку 450 милиони евра годишен обрт. Повеќе од 80 отсто од производството на „Ван Хол“ е наменето за извоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.