Една жена во Охајо роди близначки кои се многу редок случај, делеле иста плацента и се родиле држејќи се за рака.
Сара Тислтвејт од Орвил во петокот се породила со две женски бебиња, кои во медицината се познати како моно-моно близнаци. Тоа е редок случај кога близнаците се развиваат само ако ембрионот не се подели во првите осум дена по оплодувањето. Вакви случаи има еден на 10.000 породувања.
– За 40-годишна кариера видов помалку од десет вакви пациeнтки – рекол гинекологот Џастин Левин.
Мајката Сара, поради проблематичната бременост, два месеца лежела во болница. Сепак, изненадувањето за неа било кога двете девoјчиња се родиле држејќи се за рацете и не сакале да се одвојат.
– Ова е вистинско чудо – изјавила мајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се најпопуларните имиња за момчиња и девојчиња во Македонија во 2017
-
По тепчаката меѓу девојчињата, инспекцијата најде пропусти кај одделенските раководители
-
Ако имате женско детенце еве што треба да направите за Велики Петок
-
Ова се првите фотографии на близнаците на Енрике Иглесијас и Ана Курникова