| четврток, 6 декември 2018 |

Погледајте како се вози по пушење марихуана (видео)

Три лица пушеле толку многу марихуана што едниот не можел да си го допре носот, додека другиот се смеел гласно изговорајќи „Јас сум надуван", по што се упатил кон автмобилот зад воланот

 

336322-article-2281102-17adaab3000005dc-280-634x420
Целата на овие лица била  да го тестираат новиот закон за возење под дејство на марихуана, која беше легализирана во Вашингтон и Колорадо.
Во експериментот биле вклучени двајца мажи и една жена.
Експериментот е направено на затворен полигон, а во секој автомобил седи и инструктор, кој има двојна контрола во случај нешто тргне наопаку.
Ади Нортон (27) е дека пациентка која често користи марихуана за медицински цели, а тестот го започнала со три пати повисока доза од дозволената, бидејќи таа веќе земала доза дома, пишува британскиот „Дејли меил“.
Ада на тестот возела доста добро, иако таа имала недозволена количина на марихуана во телото.
336333-article-2281102-17adc23a000005dc-144-634x410
Другите двајца волонтери Дилан Еванс (34) и Џеф Андерберг (56) биле „чисти” пред да седнат во автомобилите.
Полицијата била повикана за да  процени дали  да ги стопира возачите.

По првиот круг, Еванс и Андерберг рекле дека се чувствуваат „скаменето“, додека Нортон, чест конзумент, изјавила дека се уште не се чувствува ништо.
Меѓутоа, кога почнува да вози работите драстично се менуваат.

-Го удрев конусот. Гледам во огледалото, ух- коментира таа додека вози со седум пати поголема доза од дозволеното.
Интересно,  инструкторот Мајк Џексон тврди дека таа добро вози.
Полицаецот рекол дека не би ја застанал Нортон, иако, била на граница, додека другите двајца кои не земале често марихуана имале проблем да ја одржат контролата врз автомбилот. Полицаецот нив би ги стопирал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top